Брутално: Со еден удар и го унакази лицето (Видео+Фото)

За тоа колку може да бидат брутални ММА борбите се покажа и на еден дуел во женска конкуренција. Лима Леи Мекфарлан ја одбрани титулата во Мува категорија, победувајќи ја Вета Артеага. Со овој триумф, Мекфарлан ја продолжи непобедливата серија и има 10 победи по ред, додека Артеага го претрпе третиот пораз во осмиот меч.

Лекарите беа тие кои решија дека дуелот не може да продолжи, откако шампионката со еден удар со лактот успеа да го распука целото на противничката. Веднаш по ударот, започна да тече многу крв од челото на Артеага, а судијата мораше да побара лекарите да влезат во рингот и да дадат свое мислење.

Лекарите го избришаа крвавото лице на Артеага, но веднаш констатираа дека се работи за сериозна повреда, па борбата мораше да заврши.

Целата борба може да ја погледнете тука, а ударот поради кој борбата беше прекината е по 18-тата минута од видеото.

- Оглас -

Најнови вести