Брвеница има мајстор за обложување – Погоди триплета со 3+ во прво полувреме и Гол-гол и си ќари 2.000 евра (Фото)

Одличен тикет само со три пара од европските купови одигра и погоди обложувач со уплата во Брвеница и за влог од 200 денари си ќари 123 илади денари во бруто-износ.

Со иста игра, да има најмалку три гола во прво полувреме и притоа двете екипи да дадат гол на мечот, или комбинацијата ГГ&3+I погодени се дуелите меѓу Келн и Фехервар, Вилјареал со Хајдук и Партизан против Хамрун.

Унгарците го изненадија Келн на гостински терен и победија со 2:1, а сите голови паднаа во првото полувреме, таман за фатен тип ГГ&3+I со коефициент од 6.75.

Иста беше квотата и на дуелот меѓу Вилјареал и Хајдук, а и тука имаше фестивал од голови во првото полувреме што го добија Шпанците со 4:1. Конечниот резултат беше 4:2.

Најнеизвесно беше во Белград, на дуелот меѓу Партизан и Хамрун. Тука паднаа 3 гола во првото полувреме, Партизан го доби со 3:0, но се чекаше малтежаните да дадат погодок.

Тоа гостите го сторија веднаш на стартот на вториот дел, во 52-рата минута за фатен огромен коефициент од 13.50 и вкупна квота од 615, што со уплата од 200 денари донесе топ-добивка од 123 илјади денари во бруто-износ, или точно 105 илјади денари со одбиен данок.

- Оглас -

Најнови вести