Македонскиот тенисер Калин Ивановски со сигурната победа од 6-1, 6-2 против Родриго Пачехо Мендес се пласира во осминафиналето на јуниорскиот Вимблдон.
Ова е повторување на минатогодишниот успех на Македонецот, кога исто така стигна до третото коло, односно во топ 16 фазата на Вимблдон за играчи до 18 години.
Како брз воз Калин го преслуша Мексиканецот и само по 24 минути игра веќе поведе со 1-0 во сетови. Вториот сет траеше малку подолго, но Ивановски и во него оствари два брејка за големата победа.
Во битката за пласман во четвртфинале, Ивановски ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Едас Бутвилас и Озан Чолак.