Брзи жени и бавни коњи му го уништија животот

Поранешниот уругвајски фудбалер Фабијан О`Нил порано две години го носеше дресот на Јувентус и заработуваше големи пари, но денеска е сиромашен и живее премногу скромно.

О`Нил е роден во мало гратче во Уругвај во 1973 година, порасна во сиромашни услови, а фудбалскиот пат го почна во локален клуб и стигна дури до италијанската Серија А. Од 1996 до 2000 година играше за Калјари, па премина во Јувентус, од каде што по две години замина во Перуџа, а на крај се врати во Калјари, за кого настапуваше во Серија Б.

Кога ја заврши играчката кариера, се врати во родната земја и се посвети на одгледување добиток на еден ранч. Не можеше без фудбалот, во 2003 година потшиша за Насионал, но одигра само пет меча во уругвајската лига.

Подоцна јавно призна дека местел натпревари, а откри и други „сочни“ детали од неговиот живот.

„Додека играв за Калјари, наместив меч со Киево. На двата тима ни одговараше нерешено за опстанок и со капитенот на Киево и целиот тим на Калјари се договоривме да играме без победник. Отидовме во обложувалница да уплатиме на икс. Иако поведовме со 2-1 во 87-мата минута, на крај заврши 2-2, што на сите ни одговараше“, призна О`Нил, кој и како играч на Перуџа наместил меч и заработил пари.

СЕГА СУМ СИРОМАШЕН, НО СРЕЌЕН

Фабијан во Јуве играше заедно со ѕвезди како Зинедин Зидан.

„Бев најлош играч во екипата. Покрај мене беа феномени како Зидан. Потрошив 14 милиони долари на бавни коњи и брзи жени. Сиромашен сум, но повторно сум среќен. Важно е дека јас и семејството имаме што да јадеме. Сега имам вистински пријатели, не лажни кои беа покрај мене само додека бев богат. Жените ме освојуваа кога бев пијан и се обидуваа да ми помогнат со психолози, но не беше можно. Сите мои поранешни жени се побогати од мене“, додава О`Нил, кој работи како келнер.

- Оглас -

Најнови вести