Брзиот Рашфорд му ја одзеде на Бруно шансата да постигне гол од омилената позиција (видео)

На дваесетина минути до крајот на дербито на Манчестер, Јунајтед и Сити уште трагаат по првиот гол на „Олд трафорд“. Блиску до погодок домаќините дојдоа непосредно по стартот на второто полувреме, кога судијата Каванах досуди пенал за Јунајтед по фаулот на Вокер над Рашфорд во шестнаесетникот.

Сепак, ВАР наместо да го потврди фаулот, откри дека Рашфорд бил во недозволена позиција пред прекршокот, па така Бруно Фернандеш не доби шанса да шутира од омилената позиција.

Ситуацијата можете да ја видите на следниот ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести