Екипата на Фиорентина се пласира во полуфиналето во Купот на Италија откако со 3:2 на гостински терен ја совлада Аталанта.
Херојот на гостите е Кжиштоф Пјонтек, кој дојде токму како замена за Душан Влаховиќ. Полјакот со головите во деветтата и 71-вата минута донесе голема радост кај тимот од Фиренца, додека пресвртот го комплетира Никола Миленковиќ со гол во 94-тата минута.
За Аталанта, пак, стрелаа Давиде Ѕапакоста во 30-тата и Жереми Бога во 56-тата минута.
Во полуфиналето Фиорентина го очекува подобриот од Јувентус и Сасуоло, меч кој се игра за неполн час.