Шпанскиот спортски портал „Фисахес“ го одбра идеалниот тим на последното коло во 2018 во Ла Лига и во него „единцата“ е за нашиот репрезентативец Столе Димитриевски.
Столе експресно се прилагоди на условите во една од најдобрите светски лиги, брани одлично во континуитет, а по блескавата партија против Реал Мадрид, бранеше уште подобро против Леванте.
Тоа му ја донесе позицијата прв голман во колото според изборот на новинарите на „Фисахес“, а со него во идеалниот тим се и Меси, Дембеле, Кајлери и уште седуммина играчи на различни клубови во шпанското првенство.