Пријателскиот натпревар помеѓу ЈКУ од Занзибар и Сити од Абуџа, одигран за време на паузата за репрезентативни натпревари, се претвори во необична и донекаде драматична сцена.
При резултатот 1:1 во 78-мата минута, натпреварот беше накратко прекинат откако над стадионот се појавија рој пчели. Во една ваква ситуација, единствен спас за сите, вклучувајќи ги фудбалерите, судиите, но и луѓето од телевизиската екипа, едноставно мораа да легнат на земја и да се заштитат од евентуален напад на пчелите.
Иако сцената на прв поглед може да изгледа комична, причината за ова предупредување е сериозна. Африканските пчели, особено на истокот од континентот, се познати по својата екстремна агресивност.
Нивниот отров не е толку моќен како оној на европските пчели, но токму оваа упорност и масовните напади ги прават многу поопасни и потенцијално смртоносни.
Drama in Tanzania as the game was temporary stopped during the City FC Abuja vs JKU FC match when bees flew over the pitch in the 77th minute
byu/Amu_1310 insoccer