Брзо стигна демант за револуционерните промени на ФИФА

Веста дека Светската фудбалска федерација планира да воведе револуционерни промени во фудбалот се рашири вирално, но веќе стигна демант дека таков проект не постои.

Шпанскиот медиум „АС“ беше меѓу првите кој ја пренесе оваа вест, но информациите ги демантираше новинарот Хосе Феликс Дијас на мадридската „Марка“.

„ФИФА не тестира никакви нови правила“, се огласи Дијас преку својот твитер-профил. Со оглед на тоа дека и од таборот на ФИФА не се огласија околу овие можни промени, веројатно шпанскиот новинар е во право.

Како за потсетување, беа најавени промени во правилата како намалување на полувремињата на 30 минути, изведување аут со нога, неограничен број измени, како и пет минути суспензија за заработување жолт картон.

- Оглас -

Најнови вести