1.8 C
Skopje
среда, 10 декември 2025

Будење на заспаниот гигант, Жолтата подморница никако да се крене

Ајакс како гостин го победи Карабах со 4-2, а Копенхаген со 3-2 славеше кај Вилјареал, во двете средби од Лигата на шампионите со кои се отвори вечерта во елитното клупско фудбалско натпреварување.

За четирикратниот европски првак Ајакс, ова се први бодови во ЛШ сезонава, а имаа само еден постигнат гол во првите пет кола. Но, вечерва победија иако губеа со 1-2 до 79-та минута.

Данскиот првак со гол на Корнелиус во 90-та минута извојува победа на гости кај Жолтата подморница која е заглавена при дното на табелата и има само еден бод од шест меча. За Копенхаген ова е втора победа по ред и може да се надева дека ќе влезе меѓу 24-те најдобри кои одат во бараж за осминафинале.

- Оглас -

Најнови вести