Осасуна цели 15 години чекаше д се израдува на победа во дуелите против Реал Мадрид и тоа се случи вчера. На својот стадион во Памплона, домаќините се радуваа на триумф од 2:1. Дури 24 меча овие два тима имаа одиграно меѓусебе во кои Осасуна немаше ниту една победа, но вчера беше денот за голема радост.
Анте Будимир од пенал во 38 минута го најави триумфот на домаќините, но потоа Винисиус јуниор израмни на 1:1. Во 90 минута, Раул Гарсија погоди за 2:1 и победа на Осасуна.
Будимир кој беше најдобро оценет фудбалер на теренот, по мечот изјави дека не му било јасно зошто главниот судија веднаш не покажал пенал за Осасуна, туку прво проценил дека се работи за симулација, па дури му даде и жолт картон на Хрватот. Дури по ВАР проверката, неправдата беше исправена, па Осасуна доби пенал во своја корист.
„Тоа беше точка на која стигнав пред сите, а Куртоа истрча и ме нагази. Не знам зошто судијата тоа не го виде така, но јас веднаш знаев дека е пенал. Жал ми е што така се случи за нешто што беше премногу очигледно“, рече Будимир за ситуацијата при која беше досуден пенал, а потоа продолжи: „Ова не е прв пат. Од 10 пенали кои беа направени над мене, на дури осум мораше да има проверка, а за сите знаев дека се пенали“, додаде Будимир, кој сега има 12 погодоци во шпанското првенство сезонава.
Ситуацијата околу пеналот врз Будимир може да ја видите ТУКА.
Осасуна со оваа победа ја продолжи одличната низа во која има четири победи и две реми во последните шест кола, па се искачи на деветото место на табелата со 34 бодови.

