Игор Матановиќ е ново име во составот на хрватскиот селектор Златко Далиќ, а Анте Будимир раскажа интересна анегдота во врска со 21-годишниот Матановиќ, кој игра за Ајнтрахт Франкфурт.
„Не го знам премногу, а во разговор ме изненади и ми кажа дека бил од децата кои собирале топки додека играв за Сент Паули пред 8-9 години. Исто како што јас собирав за Модриќ, Едуардо и Ќорлука кога играа за младинската репрезентација“, рече Будимир.