Ливерпул и Лајпциг пак ќе играат на „Пушкаш арената“ во Будимпешта и во вториот меѓусебен осминафинален меч во Лигата на шампионите.
Главниот унгарски град стана Мека за Лигата на шампионите и во услови на пандемија со ковид-19 во Будимпешта ќе се одиграат најмалку три меча, вклучувајќи го и реваншот меѓу Ливерпул и Лајпциг.
Дуелот е закажан за 10 март, а Ливерпул има предност од 2:0 од првиот меч, но како и Лајпциг, ќе нема можност да игра на свој терен. Англичаните прифатија да играат во Будимпешта поради строгите ковид-правила во нивната земја, кои предвидуваат гостинските играчи во Германија да бидат 10 дена во карантин по мечот ако се играше на „Енфилд роуд“.
Тоа е неприфатливо за Лајпциг, па УЕФА пресече и одлучи двете екипи пак да играат на истото место, на „Пушкаш арената“ во Будимпешта.
На тој стадион првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите го одиграа и Борусија Менхенгладбах и Манчестер сити, а и тука Англичаните беа подорби и славеа со 2:0.