Будуќност имаше старт од соништата, па Струга ги олади Црногорците, сите опции се отворени (Видео)

Македонскиот шампион Струга Трим Лум, и даде и прими по два гола во првото полувреме на гостувањето кај црногорски Будуќност, и тоа е резултат кој ги носи стружани во следното квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.

Црногорците поведоа рано кога после еден корнер, Ѓуричковиќ одлично се снајде во мешаница и со пета даде гол за 1-0 уште во 7-ма минута. Шокот на гостите траеше кратко, веќе во 11-тата минута Струга израмни со погодок на Марјан Радески со шут со глава. Голот на Радески може да го видите ТУКА.

Во финишот на првото полувреме, во третата минута од судиското продолжение, Струга одигра одличен контранапад, кој го комплетираше Радески со својот втор гол на мечот.

Но, првото полувреме траеше 53 минути, во осмата минута од продолжението, Будуќност даде убав гол од слободен удар за 2-2.

 

Сега на Будуќност му требаат еден гол за продолженија, а стружани се пред испишување историја. Лоша вест за Струга е повредата на Мазрекај кој беше асистент при првиот гол, а подоцна се повреди и на носила го напушти теренот, па затоа и првото полувреме траеше речиси еден час.

- Оглас -

Најнови вести