Одлучувачкиот дуел за финале во АБА-лигата припадна на Будуќност против Цедевита со конечни 73:78. Хрватскиот состав пред своја публика потклекна пред актуелниот јадрански првак во последните моменти од средбата, па Црногорците ќе имаат шанса да го бранат трофејот, а токму против ланскиот противник во финалната серија, Црвена ѕвезда, ќе се обидат да го сторат тоа.
Цедевита отвори одлично и ја доби првата четвртина со 21:10, но гостите возвратија со иста мера во следниот период. Неизвесноста продолжи и во второто полувреме, а до прва предност Будуќност стигна со стартот на последните 10 минути, која ја задржаа до самиот финиш, иако Цедевита имаше два напади за израмнување или водство при резултат од 71:73. На крајот, Будуќност се избори за ново финале со слободните фрлања на Гордиќ и Џексон.
Кларк со 19 поени го предводеше црногорскиот состав, Годриќ додаде 15 поени. Кај поразените, со 23 поени се истакна Кобс, Пулен заврши со 14 поени.
Финалната серија меѓу Ц. ѕвезда и Будуќност стартува на 12 април, а допрва ќе се дознае кој ќе биде домаќин во првиот меч.