Будуќност го победи Партизан со 81-77 во дербито на јадранската АБА-лига, па сега црногорскиот тим е осамен на врвот на табелата и како што стојат работите, на три кола до крај на регуларната сезона би играле полуфинале со Црвена ѕвезда, додека Партизан би се сретнал со Дубаи.
Американците Рајт, Морган и Ферел беа предводници на Будуќност, а црногорскиот тим имаше и повеќе скокови и асистенции од Партизан, против кого решија четирите слободни фрлања (двата тима погодија еднаков број тројки и шутеви за два поени) повеќе кои ги имаа во однос на гостинот.