Буфон брани од 1995 година, а сега реши кога ќе ја заврши кариерата
Легендарниот голман не планира во скоро време да замине од фудбалот.

Еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот, Џанлуиџи Буфон, кариерата ја започна во далечната 1995 година и уште трае. Популарниот Џиџи повеќе од 25 години е на главната сцена, а во кариерата бранеше само за три клуба. Започна во Парма, каде што беше до 2001 година, а потоа се пресели во Јувентус. Кај Старата дама е две децении, со исклучок на една сезона, кога го носеше дресот на Пари Сен Жермен.
Многумина се чудат како Буфон брани на врвно ниво иако веќе има 43 години и кога може да го чекаме неговото пензионирање. Самиот Буфон за првпат откри кој е неговиот план.
„Во главата имам поставено датум за тоа кога треба да ја завршам кариерата. Мојата последна точка е јуни 2023 година“, откри Буфон.
Во богатата кариера Буфон освои 10 титули во дресот на Јувентус, а со Италија беше светски првак во 2006 година. Ако издржи до 2023 година, Буфон ќе има 45 години.