Буфон донел одлука да се пензионира, а наскоро доаѓа со Аѕурите во Скопје?

Еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот, Џанлуиџи Буфон, одлучил да ја заврши кариерата.

Буфон кој има 45 години, а договорот со Парма му е до следното лето, одби понуда од Саудиска Арабија, но не сака да биде дел ни од Серија Б, па ќе се пензионира. Одлуката треба и јавно да ја потврди деновиве.

Легендарниот голман е икона на Италија, Јувентус, па и на Парма, а италијанските медиуми најавуваат дека тој наскоро може да стане и тим менаџер на репрезентацијата на Италија, функција која е слободна после смртта на Џанлука Вијали.

Буфон е рекордер по бројот на настапи за Аѕурите (176), настапи на пет Светски првенства, а освои едно, во 2006 година.

Италијанската репрезентација на 9 септември гостува во Скопје против Македонија во меч од квалификациите за Европското првенство 2024, па голема е веројатноста на клупата покрај селекторот Роберто Манчини, да биде и Буфон.

- Оглас -

Најнови вести