Буфон: Федерер е како Меси, Надал е како Роналдо

Легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон во интервју за „Газета Дело Спорт“ даде интересна споредба на четворица големи спортисти. Според Буфон, Лионел Меси и Кристијано Роналдо може да ги спореди со Роџер Федерер и Рафаел Надал и тоа токму знае кој со кого си одговара.

„Федерер е безвременска класа, едноставно совршенство, додека Надал е голем работник. Секако дека и тој е голем талент, но до врвот дојде со постојата работа и тренинг. Неговата желба да биде најдобар е огромна. Тие двајца би ги споредил со Меси и Роналдо. За мене, Федерер е како Лео, а Рафа е како Кристијано“, рече Буфон.

Чуварот на мрежата на италијанскиот првак откри дека негов најголем идол е некогашниот формула 1 возач, Алекс Занарди. Возачот во 2001 година доживеа тешка несреќа во која ги загуби двете нозе, но не се предаде, закрепна и потоа стана одличен параолимпиец.

„Малку се луѓето кои ќе можат психички да се соземат по една таква несреќа. Алекс е најдобар пример за тоа колку е важна волјата. Со таков хендикеп тој продолжи да живее и да спортува. Тоа го можат само најголемите ентузијасти“, вели Федерер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести