Буфон ги одби саудиските милиони, а веќе е познат и неговиот следен чекор

Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон, и на 45 години добива богати понуди. Тој ова лето одбил неверојатна понуда од Саудиска Арабија според која би заработувал 15 милиони евра годишно. Тој во моментов настапува за својот матичен клуб Парма во италијанската Серија Б.

Според италијанските медиуми, тој не само што ги одбил милионите од Саудиска Арабија, туку размислува и да стави крај на својата професионална кариера, која трае неверојатни 28 години, а освен за Парма, настапуваше и за Јувентус и ПСЖ.

Минатата сезона Буфон стоеше на голот на Парма на 19 натпревари, на кои прими вкупно 24 голови, а на пет меча ја сочува својата мрежа празна.

- Оглас -

Најнови вести