Голманите некако се во центарот на вниманието во последните неколку дена. Легендарниот Џанлуиџи Буфон го направи најголемиот кикс во кариерата, кога ја промаши топката и прими бизарен гол во поразот на Парма од Перуџа.
Ништо подобар од Буфон не беше ниту резервниот голман на Интер, Раду. Нераѕурите вечерва загубија на гости кај Болоња, а токму Раду е највиновен за овој пораз. На 10 минути пред крајот, чуварот на мрежата на Интер лошо реагираше, а Сансоне го искористи подарокот и погоди за победа на Болоња од 2:1.
Иако овие киксови на Буфон и Раду се огромни, сепак има некој кој е со поголема глупост од нив. Голманот на Рапид Виена, Никлас Хелс, реши да го удри противничкиот играч во шеснаесетникот, што автоматски значеше црвен картон за него, но и пенал за Клагенфурт.