Буфон и со 41 година покажа дека е „доктор“ за бранење пенали

Џанлуиџи Буфон уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите голмани не само во овие три децении, туку воопшто во фудбалот. Иако има 41 година, Буфон е најзаслужен за победата на Јувентус во дуелот против Интер, во меч од Интернационалниот куп на нациите.

Откако по 90 минути беше 1:1, мораше да се изведуваат пенали, а таму газда е Буфон. Легендарниот голман кој летово се врати во дресот на Старата дама имаше вистинско шоу во пенал-рулетот бранејќи три од шесте удари на Интер. По таквите феноменални одбрани на Буфон, нормално беше Јувентус да победи, и тоа со 4:3.

Буфон ги одбрани првите два пенали на Ранокија и Пушкаш, а потоа Јувентус имаше две меч-топки, но Рабио и Бернардески шутираа непрецизно, па мораше да има и шеста серија на пенали. Тогаш на сцена повторно стапи Буфон, кој уште еднаш одбрани, а Демирел потоа погоди за триумф на Јувентус.

Во регуларните 90 минути, Интер водеше на полувремето со автоголот на Матијс де Лихт, а Јувентус израмни во вториот дел благодарение на голот на Кристијано Ронално од пенали. Тие погодоци може да ги погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести