Буфон има нова работа, второто деби во репрезентацијата ќе го има на 9 септември во Скопје!

Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон, само неколку дена откако ја заврши играчката кариера, официјално има нова работа, стана шеф на делегацијата на италијанската фудбалска репрезентација.

Оваа функција беше испразнета после смртта на Џанлука Вијали во јануари. Првиот меч на Буфон на новата функција ќе му биде гостувањето кај Македонија во Скопје на 9-ти септември во квалификациите за Европското првенство 2024 година.

„Се враќам во националниот тим, затоа што тоа дете кое пред 30 години првпат стапна на тренинг центарот Коверчано, уште сака да сонува и да го живее тој сон со италијанските навивачи“ – порача Буфон преку социјалните мрежи.

Буфон дебитираше за репрезентацијата во 1997 година, и рекордер е со 176 настапи за Италија. Буфон рече дека веднаш му се става на располагање на селекторот Роберто Манчини, и се пошегува дека веќе му простил на Манчини за голот со пета што му го дал во 1999 година.

- Оглас -

Најнови вести