Џанлуиџи Буфон е на голот на Јувентус на гостувањето кај Сасуоло, а 43-годишниот чувар на мрежата покажа дека уште е одличен. Во 16 минута беше досуден пенал за Сасуоло, но Буфон одлично го одбрани ударот на Берарди. Со оваа одбрана, легендарниот чувар на мрежата стана најстариот голман што одбранил пенал во историјата на Серија А.
Награда за одбраната на Буфон стигна во 28 минута кога Рабиот погоди за 1:0 за Јувентус, а пред крајот на првиот дел Кристијано Роналдо ја зголеми предноста на гостите на 2:0.
https://twitter.com/i/status/1392559278809042945
Пандев со Џенова водат на гостувањето кај Болоња со 1:0. Капитенот на македонската репрезентација е стартер и како вистински предводник ја води Џенова кон спас од испаѓање.