Буфон: „Италија е потценета на ова првенство!“

Репрезентацијата на Италија како бранител на трофејот доаѓа на Европското првенство во Германија, но немаше преголема среќа во ждрепката бидејќи се најде во групата на смртта заедно со Шпанија, Хрватска и Албанија.

Шеф на делегацијата на Италијанците на ова првенство е легендарниот Џиџи Буфон, кој смета дека неговата репрезентација е потценета на ова првенство.

„Мислам дека оваа екипа е потценета. Можам да кажам дека момците се натпреварувачки подготвени, а нивните човечки особини се импресивни. Најмногу ми се допаѓа што сите имаат импресивно чувство за припадност кон оваа селекција. Освен тоа, имаме петмина или шестмина врвни фудбалери, што значи дека имаме екипа за ова натпреварување“, вели Буфон.

Тој првпат учествува на едно големо натпреварување како дел од делегацијата, а не како директен учесник.

„Ме интересираше како ќе се чувствувам во друга улога. Можам да кажам дека чувството е исто како и кога бев фудбалер. Сакам да дадам свој придонес и се надевам дека тука ќе направиме големи работи“, додава легендарниот италијански голман.

- Оглас -

Најнови вести