Буфон ќе го израмни рекордот на Малдини со најава дека ова нема да е негова последна сезона

Џанлуиџи Буфон, eден од најдобрите голмани во последниве две децении, вечерва ќе го израмни рекордот на Паоло Малдини по бројот на одиграни мечеви во италијанската Серија А. Буфон треба да брани на дуелот против Сампдорија и тоа ќе биде негов 647 настап во Серија А, колку што има и легендарниот капитен на Милан, Малдини.

Пред почетокот на сезоната Буфон се врати во Јувентус со една цел, да го надмине Малдини. Иако има 41 година, Буфон најавува дека ова може и да не биде негова последна сезона. Најавите се дека популарниот Џиџи може да потпише договор на уште една сезона, односно да брани до јуни 2021 година.

Јувентус е голем фаворит против Сампдорија, но факт е дека Старата дама ќе гостува на теренот на кој загуби во последните два меча, што значи дека и домаќините може да изненадат.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести