Џанлуиџи Буфон 17 години помина во дресот на Јувентус, а потоа замина во ПСЖ со надеж дека може да стигне до титулата во Лигата на шампионите. Откако не успеа во намерата со францускиот првак, Буфон повторно се врати во Јувентус, а овојпат имаше друга мисија.
Легендарниот голман сакаше да го достигне рекордот на Паоло Малдини, кој имаше одиграно 647 меча за Милан. Буфон досега има одиграно 646 средби, а фактот дека Војќех Шченсни, првиот чувар на мрежата на Старата дама, уште не е 100 отсто закрепнат од повредата, Џиџи треба да брани утре против Сампдорија. Полскиот чувар на мрежата се очекува да биде подготвен за игра на 22 декември, кога Јувентус во Саудиска Арабија ќе игра во Суперкупот на Италија против Лацио.
Буфон утре може да го достигне рекордот на Малдини, а со оглед на тоа дека уште е првиот дел од сезоната, прашање на време е кога легендарниот голман на Јувентус ќе го надмине рекордот на еден од најдобрите дефанзивци во историјата на фудбалот.