Легендата на италијанскиот фудбал, Џанлуиџи Буфон, потврди дека ќе ја напушти функцијата шеф на делегација на репрезентацијата ако Италија не се пласира на Светското првенство кое се игра летово во САД, Мексико и Канада.
Некогашниот голман кој со селекцијата на Италја стана светски првак во 2006 година, убеден е дека во баражот ќе ја совладаат Северна Ирска, а ако не се случи тоа, ќе се повлече од функцијата во тимот на Аѕурите.
Италија не играше на претходните два Мундијали што е катастрофса за нив, земја четирикратен светски првак, а ако и трети пат по ред не се најдат на СП, тоа ќе биде дополнителен срам за нив.

