16.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Буфон колекционер на дресови од синовите на неговите соиграчи

После натпреварот од Купот на Италија против Милан, голманот на Јувентус, ветеранот Џанлуиџи Буфон, си размени дрес со Даниел Малдини. Причината е јасна, Буфон е колекционер на дресови од татковци и синови со кои или против кои играл.

„Во мојата колекција имам дресови од Енрико Кјеза и син му, од Лилиан Турам и син му, од Џорџ Веа и син му, сега имам и од Паоло Малдини и неговиот син. Чекам и од нивните внуци“ – се пошегува 42-годишниот Буфон.

- Оглас -

Најнови вести