Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон, кој сега е директор на Аѕурите, откри која ја му е најголемата дамка во животот. Буфон, кој се смета за еден од најдобрите голмани на сите времиња, вели дека се срами само поради еден потег во младоста, што не му посветил време и внимание на образованието и поради фудбалската кариера, си ја купил дипломата за завршено средно образование.
„Направив многу грешки кога бев млад, но најмногу се срамам од тоа што ја купив дипломата за завршено средно образование. Не сум совршен и мислам дека поради тоа сум близок со луѓето“, изјави Буфон.
Џанлуиџи Буфон на 17 години дебитираше во дресот на Парма, а потоа настапуваше уште и за Јувентус и ПСЖ и кариерата ја заврши минатата година, на 46-годишна возраст, таму каде што ја започна, во Парма.