Буфон на 44 години размислува каде ќе ја продолжи кариерата

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон очигледно не мисли во скоро време да оди во пензија. Буфон за еден месец ќе го прослави 44-тиот роденден, но тоа некако не му е пречка за да размислува кој ќе биде неговиот следен клуб.

Повеќе од 25 години трае прифесионалната кариера на еден од најдобрите голмани во историјата, а по неговото враќање во матичниот клуб Парма, многумина очекуваа дека тоа би било крај за него.

Сепак, Буфон не мисли да се пензионира во Парма, туку да настапува некаде далеку од Европа.

„Би сакал да заиграм во Мексико или во САД. Сакам да го испробам и тоа искуство, но ќе видиме што ќе се случи. Доколку ја освоев Лигата на шампиони мислам дека сега веќе ќе бев пензиониран, но токму тоа што не сум дел од освојувачите во ЛШ ми дава мотивација да продолжам. Ако ме прашате дали повеќе би сакал да бидам менаџер или тренер по завршување на активното играње, тоа уште не знам. Сега знам само дека сакам уште да напредувам“, рече Буфон кој е дел од Серија Б лигата со неговата Парма.

- Оглас -

Најнови вести