Буфон не беше добредојден за фановите на Парма

Џанлуиџи Буфон по враќањето во Јувентус, гостувањето во Парма го преседе на клупата за резерви, улога која ќе ја има на речиси сите натпревари сезонава, но тој беше возбуден од враќањето на „Енио Тардини“, стадионот на кој го привлече вниманието на светската јавност и се наметна како еден од најдобрите голмани на светот.

Буфон пред мечот објавуваше негови фотографии во дрес на Парма и пишуваше „Парма, местото каде што почна сè“, но тоа не ги омекна најрадикалните фанови на тој клуб.

Сепак, најверните навивачи на Парма на трибината зад едниот гол, не го делеа истиот ентузијазам.

„Предавнику, тргни го нашиот број од твоето име“ – пишуваше на еден транспарент истакнат за време на мечот.

Алузијата е на бројот 77, бројот на дресот на Џиџи во Јуве кој го одбра поради поврзаност со Парма, а тоа е годината во која е формирана навивачката група на Парма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести