Буфон од спонзорот на Меси доби пива со броевите 514 и 515 (Фото)

Компанијата за производство на пиво, „Бадвајзер“, која е еден од спонзорите на Лионел Меси, смисли интересен начин како да го одбележи рекордот на аргентинскиот фудбалер кој стана играч со најмногу голови во дресот на еден ист клуб.

Направена е специјална едиција на пива наменети за овој повод со ликот на Меси на етикетата. Вакви пива ќе добијат сите голмани кои примиле гол од Меси, а головите се 644. Најмногу пива, дури 19, ќе има за Диего Алвес. И за легендата Икер Касилјас ќе има многу пива, тој прими 17 гола од Меси.

Италијанецот Џанлуиџи Буфон веќе го доби подарокот. Нему му припаднаа шишињата со броевите 514 и 515. Тоа се головите број 514 и 515 на Меси за Барса кои ги постигна во 2017 година против Јувентус со Буфон на голот. Џиџи не го сфати ова како провокација, туку му честираше на Меси за рекордот.

- Оглас -

Најнови вести