Буфон почна да размислува за крај на кариерата

Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон, има три опции пред себе, и во наредните неколку денови треба да одлучи што ќе прави и дали ќе продолжи со кариерата или ќе се повлече.

Популарниот Џиџи Пред има варијанта да остане во Парма со која има договор уште една сезона, да прејде во клуб од Саудиска Арабија, или да ја заврши кариерата.

Во минатата сезона, 45-годишниот Буфон имаше 19 настапи, на кои прими 24 гола, а пет пати ја зачува мрежата незатресена. Желба му беше со Парма да се врати во Серија А, но не успеа, откако во баражот беа поразени од Калјари во меч на кој Буфон се повреди.

- Оглас -

Најнови вести