Буфон потврди: Гатузо е најдоброто можно решение за селектор на Италија

Џенаро Гатузо наскоро ќе биде назначен за нов селектор на Италија, јави најпознатиот италијански инсајдер, Фабрицио Романо. Најавено е дека Гатузо ги договорил сите потребни услови за да седне на селекторското столче. Постојат некои ситни детали кои треба да ги „испеглаат“ во следните неколку дена и договорот да биде потпишан.

Гатузо до неодамна беше тренер во хрватски Хајдук, но не успеа да ја донесе титулата на „Пољуд“. Хајдук на крајот заврши на третото место на табелата, иако добар дел од сезоната беше и на лидерската позиција.

Италија остана без селекторот откако Лучијано Спалети си даде отказ по дебаклот против Норвешка (пораз од 3:0) на стартот од квалификациите за СП 2026. Потоа Спалети го водеше тимот и до победа над Молдавија со 2:0, па си даде отказ.

Гатузо како тренер има работено и во Милан, Валенсија и Олимпик Марсеј, а ова ќе му биде прва селекторска функција

„напорно работевме, а сега ги чекаме завршните детали. Во изминативе неколку денови имавме прилично интензивни средби, разговори, разни состаноци и мислам дека на крајот ја донесовме најдобрата можна одлука“, вели легендарниот Џанлуиџи Буфон, кој сега ја извршува позицијата на тим менаџер во италијанската репрезентација.

Гатузо ќе има голем предизвик, а тоа е да ги одведе Аѕурите до Светското првенство во 2026 година, откако претходно Аѕурите ги пропуштија претходните два Мундијали.

- Оглас -

Најнови вести