Поранешниот славен голман, а сега директор на италијанската фудбалска репрезентација, Џанлуиџи Буфон, смета дека би било добро да се зголемат димензиите на головите, што би било револуционерен момент во фудбалот.
„Може да се размислува за тоа. Кога почнував да бранам во 1998 година, бев еден од петте највисоки играчи во Серија А. Во минатата сезона кога бев во Парма, бев петти највисок, но меѓу 22 играчи на теренот. Величината на головите е одредена во 1875 година и тогаш веројатно биле преголеми за антрополошките вредности во тоа време и било правилно. Не сум јас тој што одлучува, но може да се размислува на таа тема. Голманите се покрупни, играчите на терен се побрзи и шутираат посилно. Дури и во одбојката може да се зборува за подигнување на висината на мрежата. Таму сервисот стана важен речиси исто како во тенисот“, анализира Буфон.