Буфон против Верона ќе стигне еден рекорд на Малдини, а ќе му се доближи до уште еден

Во мај минатата година, Џанлуиџи Буфон бранеше за Јувентус против Верона и по мечот се прости од дресот на Старата дама. Малку кој веруваше дека Буфон по само една година, повторно ќе се врати во гигантот од Торино. Јувентус денеска игра против Верона, а популарниот Џиџи се очекува повторно да биде на теренот.

Буфон против Верона ќе го одигра 902 меч за италијански тим и на тој начин ќе се израмни со легендата на Милан, Паоло Малдини. Разликата е тоа што Малдини сите 902 меча ги има во дресот на Росонерите, а Буфон тоа го направи бранејќи за Парма и Јувентус.

Целта на Буфон до крајот на сезоната му е да надмине уште еден рекорд на Малдини. Џиџи сака да биде играчот со најмногу настапи во Серија А. Малдини е рекордер 647 средби во италијанското првенство, а Буфон денеска треба да го одигра 641 меч во калчото.

 

- Оглас -

Најнови вести