Буфон: Роналдо е делот кој недостасуваше за комплетен мозаик во Јувентус

Џанлуиџи Буфон помина повеќе од една и пол деценија во дресот на Јувентус, но не успеа да се израдува на титула во Лигата на шампиони. Голманот кој летоска си замина од Торино и го облече дресот на Пари Сен Жермен, верува дека е дојдено времето кога Јувентус може да застане на тронот на клупскиот фудбал во Европа.

Со Буфон на голот, „старата дама“ два пати играше во финалето на ЛШ, но губеше. Најпрво загуби од Барселона со 3:1, а потоа со 4:1 беше поразена од Реал Мадрид.

„Јувентус е меѓу најдобрите клубови во последните 5 години. Оваа сезона дури го има и подигнато нивото на игра. Тоа е така, бидејќи во екипата дојде играч како што е Кристијано Роналдо. Доаѓањето на Роналдо може да е последното парче кое недостасуваше во Јувентус. Не бев изненаден од неговото доаѓање во Торино. Тој е голем шампион и сака нови предизвици“ вели Буфон.

По првиот дел од сезоната во Серија А, Јувентус е неверојатен и има 17 победи и само две нерешени средби. Тоа е најдобар биланс во историјата на италијанското првенство. Италијанскиот првак утревечер игра против Киево во меч од 20. коло.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести