22.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Буфон сака да направи нешто што досега не направил никој

Поранешниот италијански фудбалер Антонио Касано тврди дека неговиот екссоиграч Џанлуиџи Буфон го продолжил договорот со Јувентус затоа што сака да биде во составот на Аѕурите на Мундијалот во Катар 2022 година, со што би станал првиот во историјата на фудбалот со настап на шест различни светски првенства.

Легендарниот италијански голман сега го дели рекордот од пет Мундијали заедно со Лотар Матеус (рекордер со 25 меча), Антонио Карбахал и Рафаел Маркес. Џиџи, кој во јануари наполни 42 години, можеше да стане рекордер преклани во Русија, но тој го напушти националниот тим во квалификациите. Сепак, не се предава и според Касано, Буфон сега сака уште еднаш да биде дел од најголемиот фудбалски настан.

„Џиџи сака да биде во составот во Катар и да игра на шесто СП. Тој ќе брани и во следните две сезони. Сакате да се обложиме?“, рече Касано, кој заедно со Буфон беше на СП 2014 година.

- Оглас -

Најнови вести