Буфон се изедначи со Дел Пјеро

Голманот Џанлуиџи Буфон е стартер во тимот на Јувентус на дуелот со Џенова и тоа е негов 513-ти настап во дресот на Старата дама, што е изедначување на рекордот кој досега го држеше Алесандро дел Пјеро.

Тука се пресметани и настапите на Џиџи во Серија Б. При наредниот негов меч за „бјанконерите“, легендата Буфон ќе влезе во историјата на клубот како играч со најмногу настапи во црно-белиот дрес на најтрофејниот италијански клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести