Буфон: Се надевам дека Јувентус ќе го освои Купот на Италија, а Аталанта ќе победи во Лигата на Европа

Претходниот пат кога Јувентус и Аталанта играа меѓу себе финале во Купот на Италија, победи Јуве, во составот им беше и Кристијано Роналдо, а пехарот го крена голманот Џанлуиџи Буфон како капитен.

Сега Буфон е во улога на директор на италијанската репрезентација, но се надева дека неговиот поранешен клуб повторно ќе го подигне трофејот во Рим, на вечерашното финале против Божицата од Бергамо.

„Јувентус има повеќе искуство од играње важни натпревари отколку Аталанта. Од доаѓањето на Гасперини, сменет е начинот на работа, начинот на размислување и мислам дека тој направи нешто епохално во овие години, одбележа мала ера и доколку успее да ја круниса оваа патека со победа, тоа ќе биде последниот печат на ова неверојатно патување“, вели Буфон.

Потоа Џиџи зборуваше и за тоа кој тим би сакал да го освои финалето на Купот на Италија, осврнувајќи се и на претстојното финале во Лигата на Европа помеѓу Аталанта и Баер Леверкузен.

„Ако треба да изберам, се надевам дека Аталанта ќе ја освои Лигата на Европа, а Јуве ќе го освои Купот на Италија. Мислам дека со вакво сценарио би биле среќни и во Аталанта“, додаде Буфон.

- Оглас -

Најнови вести