Џиџи Буфон пред неколку дена ја продолжи соработката со Јувентус на уште една сезона, што значи дека ќе брани на полни 43 години.
Ветеранот потоа планира да паузира одреден период за да заврши една голема обврска, да добие сведителство за завршено петто одделение, бидејќи неговите татко и мајка веќе 30 години го притискаат легендарниот голман за ја заврши годината.
„Кога ќе ја завршам кариерата ќе се посветам на моето семејство. Ќе одмарам одредено време, а тогаш ќе можам да ја извршам обврска да се вратам на училиште и да завршам петто одделение. Мајка ми и татко ми веќе 30 години ме замараат да го сторам тоа, морам да земам сведителство“, истакна Буфон.