Буфон се враќа во Италија: Знам што ни треба за победа против Наполи

Џиџи Буфон се врати во Италија, сега како голман на ПСЖ, откако претходно целата кариера ја мина во два клуба од Серија А, Парма и Јувентус.

Токму како член на Јуве, Буфон честопати беше последната пречка на патот на Наполи кон Скудетото, а денеска, од 21 часот ќе се обиде да ги сопре разиграните „наполитанци“ сега како голман на Пари Сен Жермен.

„Се радувам што повторно ќе бранам во Италија. Треба да останеме смирени, бидејќи атмосферата ќе биде жешка. Да ја искористиме секоја шанса што ќе ни се укаже. Ова е незгодно гостување и на ’Сан Паоло’ тешко се победува, но ние имаме квалитет да ги освоиме бодовите“, вели Буфон.

Првиот меч во Париз пред две седмици заврши нерешено, 2-2, а двете екипи бијат голема битка да се најдат на првите две места во групата Ц. Ливерпул е лидер со шест бодови, Наполи има пет, ПСЖ 4, а Црвена ѕвезда само еден бод.

 

- Оглас -

Најнови вести