Буфон со неверојатен рефлекс ја спаси Парма (Видео)

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон за еден месец ќе полни 44 години, но покажува дека тоа не му пречи да брани одлично. Буфон беше најзаслужен што неговата Парма се спаси од пораз на гостувањето кај Асколи во Серија Б.

Парма игра лошо и се бори за опстанок во втората лига на Италија, а Буфон е еден од најдобрите во својот тим. На дуелот против Асколи, при резултат 0:0, во 85-тата минута Буфон имаше фантастична одбрана.

Најпрво шутираше Алесандро Салви, а топката заврши во стативата и се одби кај капитенот на Асколи, Федерико Диониси, кој шутираше, а Буфон одлично одбрани.

Кариерата на Буфон започна во далечната 1995 година, и тоа токму во тимот на Парма.

- Оглас -

Најнови вести