Буфон стана вториот најстар играч во историјата на ЛШ, а кој е пред него?

Јувентус веќе има обезбедено место во нокаут-фазата од Лигата на шампионите и тоа сигурно како првопласиран во групата, па дуелот против Баер Леверкузен за Старата дама нема некое поголемо значење. Сепак, овој меч ќе остане во посебно сеќавање на легендарниот Џанлуиџи Буфон. Голманот на италијанскиот првак е на голот на теренот во Леверкузен и стана вториот најстар играч во историјата на Лигата на шампионите.

Буфон вечерва има 41 година и 317 денови, но тоа сепак уште е далеку од рекордот на уште еден италијански голман. Марко Балота беше „дедо“ кога во дресот на Лацио бранеше во Лигата на шампионите со 43 години и 252 дена. Ако сака да го надмине овој рекорд на Балота, Буфон ќе мора да игра најмалку уште две сезони, што е речиси невозможно, па рекордот на Балота ќе остане.

- Оглас -

Најнови вести