Буфон уште еднаш ја покажа својата големина

Џанлуиџи Буфон вчера го подобри сопствениот и рекордот во Серија А откако по 651 пат бранеше во дресот на Јувентус. Легендарниот Џиџи во Торино пристигна во 2001 година и за Јувентус бранеше до 2018 година. Потоа имаше едногодишна авантура во Пари Сен Жермен, па повторно се врати кај Старата дама.

Јувентус беше голем фаворит на гостувањето кај Специја, па Буфон доби шанса пред првиот голман Војќех Шченсни. Откако во второто полувреме од игра излезе капитенот на Јувентус, Леонардо Бонучи, дефанзивецот тргна да му ја даде капитенската лента на Буфон, но голманот одби.

Буфон покажа дека капитен треба да е Квадрадо, а потоа даде и објаснување дека Колумбиецот подолго време без престан е дел од италијанскиот гигант.

Ова не е првпат Буфон да покажува почит кон своите соиграчи. Кога се врати во клубот ја одби идејата на Кјелини да му ја даде капитенската лента, а исто така не сакаше да го земе и дресот со број 1 затоа што Шченсни е прв голман, па сега легендата брани со бројот 77.

 

- Оглас -

Најнови вести