Легендата го продолжи договорот со Парма, Буфон ќе брани најмалку до 46-годишна возраст

Џиџи Буфон ќе брани најмалку до 46-годишна возраст откако денеска го продолжи договорот со Парма до 2024 година.

Легендарниот италијански голман сега има полни 44 години, а неодмна изјави и дека може да брани и до педесетката.

https://twitter.com/ESPNFC/status/1498239328576753667?s=20&t=FnRLhdfgiKjlpz76_rBV9A

Буфон брани за Парма од лани, откако дојде во редовите на второлигашот од Јувентус.

Во Парма и ја почна богатата кариера што му донесе многу трофеи, 176 настапи за италијанската репрезентација и огромно реноме во светот на фудбалот.

Од оваа зима соиграч во тимот му е и поранешниот капитен на Македонија, Горан Пандев, кој за разлика од Буфон, најави збогување со фудбалот ова лето.

 

- Оглас -

Најнови вести