Бугарија е посакуван противник за Македонија во квалификациите за ЕП 2025, можен ривал ни е и Грција

Главната кошаркарска куќа ФИБА ги одреди барабаните пред утрешната ждрепка за квалификациите на Европското првенство кое ќе се игра во 2025 година. Македонија се наоѓа во седмиот барабан.

Според правилата, ќе бидат формирани осум групи со по четири селекции. Најдобрите три од групата ќе одат на континенталниот собир. Во групите каде што ќе има една од земјите домаќини на ова ЕП 2025 година, на ЕП ќе играат само двете најдобропласирани затоа што домаќинот веќе има загарантирано место на завршницата.

Според комбинациите, Македонија теоретски може да се падне да биде во иста група заедно со соседите Грција и Бугарија. Доколку тоа се случи, Грците дефинитивно ќе бидат големи фаворит, но според актуелните состави, Бугарија, која би играла без својот најдобар кошаркар Везенков, може да биде посакуван ривал.

Македонија ќе биде во седмиот шешир и за ривали ќе добие селекции од вториот, третиот и шестиот шешир. Во вториот барабан се Литванија, Грција, Италија и Германија, потоа во третиот барабан се Чешка, Полска, Турција и Црна Гора, како и Унгарија, Естонија, Холандија и Бугарија од шестиот барабан.

Ждрепката ќе биде утре во 11:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести