Бугарија ги избра најдобрите за 2025 година, ФФМ повторно заборави на ваква манифестација

Илија Груев е избран за најдобар фудбалер во Бугарија за 2025 година. Ова беше јасно по синоќешната церемонија која ја организираше Бугарската фудбалска федерација. Груев доби најмногу поени, вкупно 184, оставајќи ги зад себе Ивајло Чочев со 168 поени и Кирил Десподов со 52 поени.

Играчот за врска на бугарската репрезентација и член на англискиот премиерлигаш Лидс за првпат го добива ова признание, ставајќи крај на доминацијата на Десподов, кој во претходните четири години беше прогласуван за најдобар.

„Им благодарам на сите соиграчи во Лидс и на репрезентативниот состав, на сите мои тренери кои ми помогнаа, на мојата девојка, на мајка ми и татко ми. На сите ви посакувам многу здравје, среќа и успех“, рече Груев по добивањето на наградата за најдобар.

Иако е крај на март 2026 година, а прогласуваат фудбалер за 2025 година, Бугарија ја задржа традицијата да се организира оваа манифестација. За разика од нив и од речиси сите останати европски земји кои прават ваков настан, Фудбалската федерација на Македонија веќе неколку години не избира најдобар фудбалер. Не е тоа дека немаме добри фудбалери, но едноставно таа убава практика беше прекината пред неколку години и очигледно дека уште е заборавена да се реобнови.

НЕКА СЕ ВРАТИ УБАВАТА ТРАДИЦИЈА БАРЕМ ЗА 2026 ГОДИНА, ПА ДА ИЗБЕРЕМЕ ФУДБАЛЕР КОЈ БИЛ ДЕЛ ОД СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

Со доаѓањето на новото раководство на ФФМ пред малку повеќе од една година, пи-ар службата на ФФМ во декември 2025 година објасни дека во план е да се направи ваква манифестација и да се одберат најдобрите, но дека во предновогодишните денови нема слободна голема сала за да се организира таков настан во тој период. Ветувањето беше дека изборот ќе биде во првите месеци во 2026 година, но тоа не се случи, па едноставно продолжи лошата традиција Македонија да не избери најдобар фудбалер за годината која изминала.

Не треба да се се заборави дека со доаѓањето на новото раководство на ФФМ беше воведен ВАР-системот, беа скратени многу непотребни трошоци во Федерацијата, беа откриени многу „заткулински игри“ и избришани многу фиктивни фудбалери, но веруваме дека луѓето од Федерацијата каде има искусен кадар кој во минатото го организирале овој настан, ќе соберат сили барем да ја реобноват оваа убава манифестација за тековната година, па за најдобар фудбалер во 2026 година да избираме некој што бил и дел од Светското првенство кое ќе се игра ова лето, а Македонија е дел од баражот, каде што на 26 март ќе гостува во Копенхаген на Данска.

Синоќа, освен најдобриот фудбалер, беа избрани и најдобрите 11-мина во бугарскиот фудбал, а тоа се:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести