6757 Унгарија – Бугарија (20:45 ч.)
Унгарија е селекција која во последниве неколку месеци направи две големи изненадувања откако на гостински терен со 1:0 ја победи Германија, а успеа и да ја понижи Англија на нејзин терен со 4:0.
Бугарија реално е селекција од послаб ранг, која квалификациите ги започна со пораз дома од Црна Гора и сега нема многу што да бара на ова гостување.
Предлог тип: 1-1 (2.19)
6751 Република Ирска – Франција (20:45 ч.)
Французите моќно започнаа во квалификациите и со 4:0 ја растурија Холандија. Република Ирска дома секогаш игра агресивно, но Галските петли се преголем залак за да се обидат да ги изненадат.
На четири од последните пет меча, Ирците играат во комбинација ГГ3+, па и сега ќе биде интересно да се види дали ќе успеат барем еднаш да ја матираат одбраната на фаворитот.
Предлог тип: ГГ3+ (2.65)
6755 Шведска – Азербејџан (20:45 ч.)
Поразот од 0:3 на свој терен од Белгија беше голема шлаканица за Шведска, селекција која сега сигурно ќе сака да се поправи. И Азербејџан почна со убедлив пораз, и тоа на гости кај Австрија со 1:4, а сега ги чека нов тежок дуел на гостински терен.
Головите не треба да изостануваат на овој меч, па добитна комбинација треба да биде играње на погодоци во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.80)
6753 Полска – Албанија (20:45 ч.)
Полска беше изненадена на гости кај Чешка и загуби со 3:1, што значи дека селкцијата која е меѓу фаворитите за пласман на ЕП 2024 година, нема право на нов кикс. Полјаците сега играат дома против Албанија, ривал против кого низ историјата во 10 меѓусебни дуели имаат осум победи и две нерешени.
Албанија игра цврст фудбал, најчесто со малку голови, но тешко дека ќе може да му парира на денешниот ривал.
Предлог тип: 1&0-3 (2.00)
1321 Малага – Леганес (21 ч.)
Малага, тим кој некогаш беше во елитното шпанско првенство, сега е во опасност да испадне и од втората лига. Тоа е екипа која дава малку голови, но уште не се откажува од трката да се спаси од испаѓање.
Леганес во последните шест кола нема ниту една победа (четири порази и две нерешени) и тоа е дополнителна шанса за Малага.
Предлог тип: 1Х&0-2 (1.96)